Балкан
6. May 2016 - 8:40

Косовците навалија по биометриски пасоши

Веднаш по објавувањето на препораката на ЕК за визна либерализаиција на граѓаните на Косово, видно е зголемен интересот за добивање косовска биометриска патна исправа.

-Пред шалтерите за доставување документи веќе се создадоа редици граѓани кои чекаат за да достават барање и да се фотографираат за  косовска патна исправа,пишува „Зери“.

Според истиот извор,без оглед што Еропската комисија препорача укинување на визите за граѓаните на Косово за земјите од ЕУ, техничкиот процес, до движењето без визи, може да потрае до три месеци.

Како што вчера јавија косовските медиуми виоската европска претставничка Федерика Могерини и комесарот за миграција Димитрис Аврамопоулос, при прстојот во Приштина, одбиле да дадат точен датум кога косовските граѓани ќе може да патуваат без визи во земјите на ЕУ.