Кошарка
28. December 2015 - 11:11

Кошаркарското „Ел Класико“ за Барса

Кошаркарите на Барселона победи во шпанското кошаркарско Ел Класико и тоа во Мадрид. 

Каталонците со тоа покажаа дека во овој момент се подобри од Реал Мадрид совладувајќи го со 91-84 во 13. коло во Шпанија.
Каталонците доминираа во првите три четвртини  и благодарение на падот во последната „кралевите“ избегнаа убедлив пораз по водството на противникот од 15 поени.
Дулман беше најефикасен на мечот со 17 поени. 
Барселона со оваа победа изби на второто место со скор од 12-1потиснувајќи го Реал на третата позиција. Прва е Валенсија без пораз.