Кошарка
3. July 2017 - 14:12

Кошаркарската репрезентација замина за Маврово

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска е во Маврово каде до крајот на тековната недела ќе се подготвува за следниот квалификацсики циклус.
 
Репрезентацијата ќе биде комплетна по приклучувањето на Џордан Теодор в четврток.
 
По пет дена во Маврово, сениорите ќе заминат за Словачка каде ќе одиграат пријателски двомеч со домашната селекција.
 
Потоа следи натпревар во Скопје против соодветната селекција на Бугарија, неколку дена пред почетокот на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Македонија“.