Кошарка
4. July 2017 - 19:30

Кошаркарките во група со Италија, Шведска и Хрватска

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство. Македонија ќе игра во Х-групата заедно со селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска. Италија последното ЕП го заврши на 7.место, а Хрватска и Шведска не учествуваа.

 32 селекции се поделени во 8 групи по 4 репрезентации.

Квалификациите почнуваат во ноември годинава и ќе траат до ноември 2018 , а пласман на ЕП што ќе се одржи во Србија и Летонија ќе обезбедат првопласираните репрезентации од групите и шест од осумте второпласирани.