-->
-->
Кошаркарките на Бадел победнички на меморијалниот турнир „Сестри Китеви“
-->
Кошаркарките на Бадел се победнички на меморијалниот турнир „Сестри Китеви“ вчера во Кавадарци, во рамките на традиционалната манифестација “Тиквешки гроздобер” во овој град.
Во финалето од првата женска кошаркарска лига, екипата на актуелниот шампион повторно беше подобра од тимот на МНА “Кожувчанка”, овој пат со 41-67, кој пак во полуфиналето славеше минимална победа над “Ваис Профил” од 37-34.
Признанијата за освоените места им ги доделија директорот на јавното претпријатие спортска сала „Јасмин“ Сашко Атанасов, претседателот на Сојузот на спортови на град Кавадарци Борче Ѓорѓиев и Бетиан Китев, како претставник на фамилијата Китеви.
За најдобар млад играч беше прогласена 13-годишната Благица Наумчева од тимот на “Ваис Профил”.
Покрај натпреварувачкиот дел, турнирот го одбележа и повторниот собир на дел од најголемите легенди на кавадаречката женска кошарка кои одиграа ревијален натпревар со кошаркарките на МНА „Кожувчанка”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс