-->
-->
Кошаркарите отпатуваа за Словачка
-->
Вторпат годинава македонските кошаркари ќе играат против Словачка. Откако кон средината на јули одиграа две средби, сега избраниците на Јорданчо Давитков ќе се надигруваат со Словаците во претквалификациите за Евробаскет 2021 година.
По неуспешните мундијалски квалификации, црвено-жолтите сега го отвораат европскиот циклус. Првиот натпревар секогаш е најтежок, е колективниот став на репрезентативците.
„За овој претквалификациски циклус можам да кажам дека се може да се очекува. Составот е тој ако се изземат несреќните повреди на Чековски, Трајковски и најновата на Костоски. Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери на оваа селекција. Словачка е сериозен противник, со двајца Американци. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што го можеме. Во секој случај ќе имаме поголеми проблеми со надворешните линии, имаат двајца Американци кои се одлични шутери, со нивните високи играчи не толку. Не гледам некој посебен психолошки притисок. Словачка во февруари треба да дојде во Скопје. Ќе видиме, притисокот повеќе треба да биде кај нив. Ние ќе се обидеме да изиграме и да го извадимеe најдобро од нас“, изјави селекторот Давитков за нашиот прв противник во овој „прозорец“.
Средбата, Словачка – Македонија ќе се игра во градот Попрад, со почеток од 18 часот, а љубителите на кошарката ќе може да го гледаат единствено на „YouTube“ каналот на ФИБА, бидејќи нема да има телевизиски пренос во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор