Кошарка
17. јуни 2017 - 11:20

Кошаркарите на Барселона добија нов тренер

Сито Алонсо е нов тренер на кошаркарите на Барселона, објави клубот на својата интернет страница.
 
Алонсо со Барселона потпишал двегодишен договор, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.
 
Тој на клупата го наследи Јоргос Барцокас, кој по една разочарувачка сезона ја напушти Барселона.
 
Сито Алонсо (41) во Барселона доаѓа од Басконија, а претходно бил тренер во Хувентуд, Билбао и во шпанската репрезентација У20.
 
Со Басконија минатата сезона играше во четвртфиналето во Евролигата, односно во полуфиналето на шпанското првенство и Кралскиот куп.