Кошарка
23. July 2016 - 9:32

Кошарка У-18: Македонските јуниорки започнуваат против Грција

 
 Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години денеска го започнува своето учество во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Босна и Херцеговина.
 
Избраничките на селекторот Горјан Стојановски на почетокот на шампионатот,, а во рамките а Ц групата за противнички ќе ги имаат врсничките од Грција. Покрај оваа селекција нашите јуниорки во групната фаза ќе играат и против Естонија, Ирска и Англија редоследно. 
 
 
Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе биде предводена од селекторот Горјан Стојановски, помошник селектор Енвер Мифтари и легендата на женската кошарка Стојна Вангеловска која ќе биде советник.
 
Комплетен распоред на натпревари: 
 
23 Јули – сабота   
18:45 Македонија - Грција , 
 
25 Јули – понеделник 
21:00  Македонија – Ирска ,
 
26 Јули – вторник  
16:15 Македонија - Естонија, 
 
27 Јули – среда 
16:30 Македонија – Англија.
 
Двете првопласирани селекции од групите четирите ќе играат во четвртфиналето, додека 3-ти и 4-то рангираните ќе разигруваат за пласман од 9 до 14 место. 
 
Последно пласираните репрезентации ќе играат за пласман од 15 до 19 место. ИТ//