Кошарка
30. July 2016 - 10:32

Кошарка У-18: Македонските јуниорки против Албанија во дуел на ЕП

 Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години денеска напладне ќе го игра дуелот против Албанија во рамките од Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.
 
По четирите убедливи порази во првата фаза на на првенството, по групи, избраничките на селекторот Горјан Стојановски, денеска од 12 часот ќе го играат првиот од двата натпревари за пласман меѓу 17 и 19 место на првенството.
 
Први противнички ќе им бидат врсничките од Албанија, додека утре во истиот термин (12 часот), ќе играат против Романија.