Кошарка
5. August 2016 - 13:44

Кошарка У-18: Македонија против Белорусија во „Јане Сандански’’

 
 
По петте натпревари одиграни во СЦ „Борис Трајковски“ јуниорската кошаркарската репрезентација на Македонија се сели во СЦ „Јане Сандански“. 
 
Црвено-жолтите попладнево во малата сала на овој спортски центар ќе игра против селекцијата на Белорусија, во дуел за пласман од 9 до 16 место на Европскиот шампионат (Б дивизија) за играчи до 18 години. 
 
Натпреварот Македонија – Белорусија ќе започне во терминот од 18 часот и 45 минути. 
 
Во натпреварите пак од четвртфиналето, денеска ќе сиграат: Унгарија – Белгија, Украина – Чешка, Црна Гора – Полска и Естонија – Словачка. 
 
Пласман во А дивизијата ќе обезбедат првопласираните три селекции.