Свет
24. November 2016 - 10:17

„Кориере дела Сера“: Противречности околу судбината на Ѓулнара Каримова

Смртта на 44-годишната ќерка на покојниот узбекистански претседател Ислам Каримов, Ѓулнара Каримова е една од главните теми на странските медиуми, кои наведуваат дека постојат контрадикторни информации околу причините за нејзиното починување.

Според ананимни извори од узбекистанските државни служби, таа била отруена и погребана на почетокот на ноември. Потоа, наводно нејзиниот гроб бил уништен, што остава сомнеж за шпекулации околу причините за нејзината смрт. 

Некои медиуми пак, тврдат дека таа не е мртва и дека живее во прогонство во Израел. Според други, таа е во психијатриска установа, а според трети се наоѓа во домашен притвор, наведува италијанскиот весникот „Кориере дела Сера".

Ѓулнара е најстара ќерка на Каримов. Во декември 2013 таа во интервју првпат отворено проговори за внатрешни борби за превласт во семејството Каримови. Тогаш, таа ги обвини нејзините мајка и сестра, за заговор против неа. 

Шпекулациите околу нејзината судбина се  појавија во септември, кога Ѓулнара не се појави на погребот на нејзиниот татко.