Фудбал
13. January 2017 - 19:36

Копа дел Реј: Реал во следната рунда против Селта

Бранителот на трофејот во Купот на Кралот, екипата на Барселона во четвртфиналето ќе игра против Реал Сосиедад, додека Реал ја извлече Селта.
 
Барселона во осминафиналето вложи многу труд за да го елиминира Атлетик Билбао, а жрепката за четвртфиналето повторно и додели тим од Баскија, Реал Сосиедад кој меѓу осумте најдобри во Купот стигна преку Виљареал.
 
Реал полуфинале ќе се обиде да избори преку Селта, Атлетико Мадрид го доби за ривал Еибар, додека единствениот вторлигаш во оваа конкуренција, Алкоркон ќе игра двомеч против Депортиво Алавес.
 
Првите натпревари во четвртфиналето на Купот ќе се одиграат на 18.јануари, а реваншите се една недела подоцна.