Фудбал
28. May 2017 - 10:30

„Копа дел Реј“ пак за Барселона

Во финалето на „Копа дел Реј“ одиграно на Висенте Калдерон во Мадрид, Барселона го победи Алавес со 3:1 и со тоа трета година по ред е освојувач на шпанскиот куп. Ова за Барселона е 29.ти трофеј во ова натпреварување, а го играше своето 39.то финале.
 
Барселона поведе во 30.минута со гол на Лионел Меси, а само три минути подоцна изедначи Тео Хернандез. Во финишот на првиот дел „каталонците“ стигнаа до победата со два гола. Најпрвин стрелец во 45.минута беше Нејмар од сомнителна позиција, а потоа гол постигна и Пако Алкасер (45+3.минута). 
 
Ова беше последниот натпревар одигран на стадионот на Атлетико Мадрид, Висенте Калдерон бидејќи од новата сезона тимот ќе игра на друг стадион.