Здравје
29. December 2016 - 8:48

Конзумирањето сувомеснати производи може да ги влоши симптомите на астма

Јадењето процесуирано месо повеќе од четири пати неделно е ризично, се наведува во студија направена врз основа на истражување со кое биле опфатени 1.000 Французи.

Истражувачите сметаат дека причина за тоа може да биде конзервансот наречен нитрит, кој се користи во месните производи, како колбаси, салами и шунки, кои ги запушуваат дишните патишта.

Но, експертите велат дека оваа поврзаност се уште не е докажана и дека се потребни повеќе истражувања.

- Наместо да се загрижени само заради еден вид храна, луѓето треба да јадат здрава и разновидна храна, советуваат тие.

Обработеното месо исто така се поврзува со канцерите.

Што е процесирано (обработено) месо? Колкав ризик од канцер претставува обработеното месо?

Експертите велат дека луѓето не би требало да јадат повеќе од 70 грама на ден од црвено и процесуирано месо заради добро здравје. Тоа е отприлика околу еден колбас, плус една резанки сланина на ден.

Луѓето во истражувањето кои учествувале во француската анкета во врска со храната и здравјето, се следени во периодот од една деценија од 2003 до 2013 година.

Речиси половина од нив биле пациенти со астма. Останатите - следени субјекти - немале медицинска историја со оваа болест.

Истражувањето посебно ги следело специфичните симптоми на астма - губење здив, шуштење во градите, болки во градите - и конзумирањето на обработено месо: една порција се состоела од две парчиња шунка, еден колбас или две парчиња салама.

Помеѓу оние кои имале астма, поголемото конузмирање месо било поврзано со влошување на симптомите во белите дробови.

Оние пак кои рекле дека конузмирале повеќе од четири порции неделно - осум парчиња шунка или четири колбаси, на пример - имале поголемо влошување на астмата до крајот на истражувањето. Истражувачите истакнуваат дека нивниот труд не може да потврди дека оваа храна е дефинитивно виновна. Има многу фактори во животот на секој човек, кои можат да ја влошат состојбата.

Научниците се обиделе да ги елиминираат оние најочигледните: контролирање на дебелеењето и врските меѓу обработеното месо и вложување на астмата остануваат.

- Иако некоја храна може да биде поттикнувач на алергии кај некои луѓе, не постои некој посебен совет за исхрана за генерално да се контролираат симптомите на астмата. Кај повеќето луѓе кои имаат астма, советите за здрава исхрана се истите оние како и кај секој друг човек: конзумирајте балансирана исхрана која вклучува многу свежа и непроцесирана храна, и помалку шеќер, сол и претерано масти, вели шефот за истражувања во „Астма УК“, д-р Ерика Кенингто.

Катерина Колинс од Британската асоцијација за исхрана препорачува „разновидна исхрана и онаа во медитерански стил“, која содржи многу свежи производи „без разлика дали имате астма или немате“. вз/сп/08:35