Свет
26. July 2016 - 16:45

Конвенцијата на демократите под превезот на хакираните мејлови на партиските функционери

Поделеноста помеѓу членството на стартот на конвенцијата на демократите ја поtврди реалноста. Хилари Клиунтон и покрај целосната поддршка од сопартијците нема да има толку лесен пат во планот да ја освои клучната позиција во Bелата кужа. Овој револт ја содаде токму нејзината и комуникацијата на нејзините колеги, а мејловите кои си ги препраќале потврдуваат дека кампањата на демократите не била чиста во играта Хилари да ја освои предноста пред Сандерс. 20 илајди преписки преку електронската пошта им ги поматија сметките на демократите. Но за нив многу поважно е кој им ги хакнал сандачињата. Не е Викиликс и Асанж, сега тие ги обвинуваат русите. ИТ експертите пронашле кодови кои ги корстат руските тајни служби, а ова фрли нова можност во рацете на кампот на Хилари. Зарем Трамп е во сојуз со Моска? Сега тоа прашање е пред одговорот како ја воделе својата кампања.

Кога рефлекторите се вклучија во огромната сала на Фарго Центарот во Филаделфија сите заборавија на скандалот. Партијата барем пред камерите покажа дека во нивните редови владее единство. И додека поддржувачите на Берни Сандерс бараат нова шанса за него, тој својата поодршка ја дава за Клинтон.

Актери, музички ѕвезди, луѓе од невладиниот сектор, емигранти сите застанаа пред говорницата да ја поддржат Хилари Клинтон. Додека говорниците се редеа на големата сцена, нејзиниот сопруг Бил Клинтон не ги криеше емоциите. Нјаголем аплауз од неговите раце доби првата дама Мишел која и овој пат им одржа лекција по реторика.

Четири дена демократите ќе ги споделуваат своите ставови зошто Хилари е најдобриот кандидат за претседател на САД. Во четврток веднаш по говорот на својата ќерка, пред делегатите и партиското членство ќе застане и првата жена кандидат за претседател на САД. Хилари Клинтон ја чека тежок пат и неизвесност до ноември, а тогаш само граѓаните одлучуваат.