Македонија
13. September 2017 - 14:31

Конкурси за поезија и плакат во рамки на „Сто илјади поети за промена“

Манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст - Струмица“, распиша поетски конкурс за годинешното издание на фестивалот.

До 23 септември авторите со по една песна може да конкурираат со социјално ангажирана поезија на теми поврзани со промените, глобално и локално. Истовремено, манифестацијата распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати што ќе бидат дел од групната изложба во рамки на фестивалот.

Пристигнатите творби ќе ги разгледуваат комисии. Избраните песни ќе бидат застапени во зборникот „Сто илјади поети за промена“ - Македонија, кој ќе биде објавен во рамки на манифестација, а дизајнерските решенија ќе бидат претставени на изложба на 30 септември, информираат организаторите.

Авторите треба да ги праќаат песните и дизајнерските решенија на Фејсбук-страницата на оваа манифестација или на електронската адреса: poetizapromena@gmail.com.

Манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ е меѓународна, за оваа година се најавени учесници од САД, Германија, Косово, Бугарија, Србија, меѓу кои и еден од автор кој беше номиниран за Пулицеровата награда за литература.

Оваа година ќе опфати повеќе од 500 настани во над 100 земји во светот. Во Македонија манифестацијата е поддржана од Општина Струмица.