Македонија
19. February 2017 - 16:12

Kонгресмените бараат одговори - Aмериканските пари дадени за организациите на Сорос се газење врз идеалите на Америка

Јасни се индикациите дека дел од парите на американските граѓани завршуваат во организациите на Џорџ Сорос кои во никој случај не ја помагаат каузата за човекови права и слободи, вели Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс.. Тој во изјава за МТВ вели дека будно ги следат критиките кои доаѓаат од Македонија а се однесуваат на сомнителните финансирања на американската мисија.. САД секогаш се на страната на слободата и добрата воља, а гледаме дека пари кои биле наменети за помош на Македонија, наместо да ги промовираат овие вредности, завршуваат во организациите на СОРОС чии вредности не се слобода а ги газат и човековите права, вели Франкс..

Според конгресменот Франкс, промената на американската администрација ќе ја смени сликата со распределбата на парите.. Тој вели дека администрацијата на Обама била многу опуштена по однос на финансирањето левичарски движења и организации кои не ги застапуваат слободата и човековите права..

Инаку и конгресменот Франкс вели дека неопходно е да се направи анализа за можната вмешаност на Американската амбасада во Македонија при распределбата на парите од организацијата УСАИД но и делувањето во изборниот период.. Франкс во изјавата за МТВ вели дека очекува Амбасадорот Бејли да одговори на писмото испратено од шестмината конгресмени..

Од Амбасадата на САД во земјава, денеска велат дека на 6-ти февруари се испратени одговорите до шестмината конгресмени поединечно.. Додаваат дека ќе соработуваат со конгресмените за да одговорат на сите нивни пршања..