Македонија
29. September 2015 - 8:35

Конференција за влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата

„Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата„ е тема на конференцијата што денеска ќе се одржи во Скопје.

На конференцијата, што се одржува во рамки на одбележувањето на 60-годишнината на Цементарница - УСЈЕ, воведни обраќања ќе имаат министерот за економија Беким Незири и главниот извршен директор на компанијата Борис Хрисафов.

Најавено е учество на десетина експерти и претставници на државни и приватни субјекти од областа на градежништвото, квалитетот на материјалите, сеизмиката и од Градежниот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.