Македонија
19. October 2016 - 8:21

Конференција за „Стандарди за е-транспрентност и е-отчетност на локално ниво“

Во рамки на проектот „Граѓанинот на прво место“, Центарот за управување со промени и Центарот за одржлив развој АЛКА, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Министерството за информатичко општество и администрација, денеска и утре, организираат конференција на тема „Стандарди за е-транспрентност и е-отчетност на локално ниво“ и Работилница за отворено локално владино партнерство.

На конференцијата ќе говори министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

Целта на конференцијата е да се креира иницијатива и платформа за соработка помеѓу единиците на локална самоуправа, граѓанските организации и централните државни институции, т.н. за создавање Стандарди за отвореност и транспарентност на локално ниво и Стандарди за отворени податоци на локалните самоуправи, информираат од центарот за управување со промени.

На овој настан ќе бидат презентирани наодите од следните истражувања: анализа на законската рамка за објавување на податоци „vis a vis“ објавените податоци на веб страниците на општините, барометар на транспарентност, најдобри европски практики за објавување на податоци на локално ниво, теренско истражување за потребите, интересите и приоритетите на граѓаните за податоци, информации и услуги од локалните власти во различни сфери на опшественото живеење.