Македонија
5. May 2016 - 8:56

Конференција за спречување корупција во општините

Канцеларијата на ЕУ во Скопје денеска организира конференција на тема „Спречување корупција и конфликт на интереси во општините“ како дел од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.

Проектот, поддржан од ЕУ со 1,4 милиони евра, ќе се спроведува од јули до октомври годинава, а целта е подобрување на правната и институционалната рамка за борба против корупцијата, како и јакнење на системот за менаџирање на судирот на интереси. Во фокусот на проектните активности ќе бидат и финансирањето политички партии и изборните кампањи, случаите на гонење и судењето за корупција, како и менаџирањето на конфискуваниот имот.

На конференцијата ќе се обратат Лукас Холуб од Делегацијата на ЕУ во Скопје, претседателот на Државната комисија за спречување корупција Игор Тантуровски, амбасадорот на Словенија во Македонија Бранко Раковец и заменик-амбасадорот на Германија Хелге Сандер.