Македонија
5. September 2016 - 8:40

Конференција за социјални иновации

Во Скопје денеска ќе се одржи првата конференција посветена на социјалните иновации на која е најавено присуство на социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Конференцијата ја организира фондацијата „Фридрих Еберт“, МладиИнфо, Интернационал, Импак хаб Скопје и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Планирано е конференцијата да заврши со панел дискусија „Од иновација до влијание: вмрежување и прибирање средства за социјален бизнис“ на кој ќе учествуваат претставници од Македонија и од Европа.

Во рамки на конференцијата во фоајето на киното „Фросина“ ќе се претстават социјални претпријатија од Македонија, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат и купат од нивните производи.

Конференцијата е поддржана од Проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД Македонија, Швајцарската агенција за развој и соработка и „Пакомак“ Македонија.