Бизнис
31. March 2017 - 8:33

Конференција за социјален дијалог и колективно договарање

Зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, воспоставување инфраструктура и поттикнување на колективното договарање, како и воспоставување ефикасен механизам за мирно решавање на работните спорови, се трите главни компоненти на Проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, за кој денеска во Скопје ќе се одржи завршна конференција.

На конференцијата треба да учествуваат претставници на партнерските институции и организации кои беа вклучени во реализацијата на Проектот, меѓу кои од Министерството за труд и социјална политика, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Конфередерација на слободни синдикати на Македонија (ККС), Унијатата на независни и автономни синдикати и Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Проектот во изминатите две и пол години го спроведуваше Меѓународата организација на труд (МОТ). Реализираните активности во рамки на овој Проект се финасирани од Европската Унија во износ од околу 1,3 милиони евра.