Македонија
29. јуни 2017 - 9:47

Конференција за можностите и предизвиците за рециклирање текстилен отпад

Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Холандската амбасада и Текстилно трговското здружение - Текстилен кластер денеска ќе организираат конференција на тема „Можности и предизвици за рециклирање на текстилен отпад“.

На конференцијата предвидено е обраќање на в.д. директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Ризајд, амбасадорот на Холанија, Волтер Пломп, директорот на „ЕПИ Центар Интернационал“ Љубомир Димовски и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Целта на конференцијата е да ги адресира актуелните предизвици во текстилната индустрија во Македонија и подобро да ги артикулира кон владините претставници преку предложени решенија за подобрени царински постапки, третман на отпадот и рециклирање врз основа на меѓународните искуства.

На настанот ќе присуствуваат меѓународни и домашни експерти кои ќе ги презентираат и дискутираат идеите и практиките што веќе се користат на меѓународно ниво.