Македонија
20. October 2016 - 8:31

Конференција по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски

По повод одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, денеска и утре во Охрид ќе се одржи меѓународната конференција „Свети Климент Охридски - Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“.

Конференцијата ја организираат Православниот богословски факултет „Свети Клиемнт Охридски“ - Скопје под покровителство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, а е дел од Државната програма за одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.

На конференцијата ќе учествуваат научници и теолози од Богословските факултети при Универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје.

На отворањето на конференцијата предвидено е да се обратат претседателот Ѓорге Иванов, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.