Коневски: Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со нов мост
Кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ивица Коневски денеска најави заеднички проект со кандидатот за градоначалник на Скопје Коце Трајановски за изградба на мост преку Вардар - од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон Општина Гази Баба.
Истакнаа дека со новиот мост ќе се поврзат двете општини и во голема мера ќе се олесни движењето на граѓаните.
- Како една од најбрзорастечките општини во градот Аеродром има само два влеза и излеза кон центарот на Скопје, преку булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Трета македонска бригада“, така што има потреба од уште едно поврзување преку булеварот „АСНОМ“, на кој ќе се гради овој капитален проект, односно новиот мост, кој ќе го намали сообраќајниот метеж, изјави Трајановски.
Според Коневски, новиот проект е уште еден доказ дека соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична и дава видливи резултати. - Очекувам оваа соработка да продолжи и понатаму во интерес на жителите на општината, додаде Коневски.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање