Живот
19. September 2017 - 19:07

Конечно урната куќата што блокираше автопат: Сопствениците оваа парична понуда не можеа да ја одбијат

Славната „куќа чир“ која полни 14 години го блокираше сообраќајот во кинескиот град Шангај конечно е урната.

Нејзините жители од 2003 година се до денес ја одбиваа секоја понуда да се преселат, тврдејќи дека недоволно им е понудено за обештетување. Конечно оваа година се согласија откако им беа понудени 2,7 милиони јуани, што е околу 412.000 долари.

Инаку, ваквите ситуации не се реткост. Некои газди просто одбиваат да ги продадат своите домови и остануваат „заглавени“ меѓу автопатите или високите новоградби.

Оваа конкретна куќа во Шангај ј блокираше сообраќајницата со 4 лченти која на тој дел мораше да биде стеснета на 2 ленти. Како што пишуваат кинеските државни медиуми, куќата е срушена во текот на ноќта за само 90 минути.