Џет-Сет
25. July 2017 - 15:20

Конечно откриено какви близначиња очекуваат Јована и Жељко Јоксимовиќ

Семејството на Јована и Жељко Јоксимовиќ наскоро ќе се прошири за уште два члена, со оглед на тоа дека за околу два месеци ќе станат родители на близначиња.

И водителката и пејачот нестрпливо го очекуваат денот кога бебињата ќе дојдат на свет, а веруваме дека најсреќен ќе биде и нивниот син Коста, кој ќе добие две сестрички.

Иако Јована неодамна изјавила дека не знае какви близначиња носи и дека тоа им е најмалку битно, откриено е дека носи девојчиња пишува Скандал.

Инаку Жељко и Јована неодамна се вратија од Истанбул.

Водителката одлично се чувствува и би требало да се породи во октомври.