Џет-Сет
4. December 2015 - 13:32

Конечно откриено: Еве зошто Цеца не дојде на свадба кај Северина!

На свадбата на Северина и Игор Којиќ присуствуваа голем број ѕвезди од регионот. Сепак недосигаше една – фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ за која сите знаеме дека му е пријателка на Кеба. 

Магазинот „Свет“ ја открива причината за тоа што Цеца не била поканета на „венчавката на деценијата“ од свои извори блиски на семејството Којиќ.

Имено, поп-пејачката Северина му ставила вето на својот свекор да не ја кани Цеца, бидејќи таа со години покажува отворена нетрпеливост спрема фолк-пејачката, за која медиумите пишуваа лани, кога Севе на настапот во белградскиот клуб „Казино“ негативно реагираше кога бендот почна да свири песна на Цеца.