Џет-Сет
28. March 2017 - 11:40

Конечено ја тргна периката, Сиа покажа како изгледа!

Познатата пејачка Сиа веќе со години го крие своето лице со сега веќе препознатливата перика, но пред неколку дена на аеродромот во Лос Анџелес се појавила без периката, откривајќи си го лицето..

Иако нејзините долгогодишни фанови се сеќаваат на неа уште од времето кога Сиа настапувала без перика, од тогаш има поминато премногу време па пејачката прилично се променила. Оние кои неодамна почнаа да ја следат, до сега не ни имале можност да ја видат без “маска”.

sia

Сиа со настапите во “Carpool Karaoke” на Џејмс Корден му открила дека одлучила да го крие своето лице бидејќи честопати музиката може да биде засенета од изгледот на изведувачот, што е токму тоа што таа сакала да го избегне.

Па одлуката на овој начин да се крие од јавноста ја донела во 2014-та година, кога и стана светски позната.
sia1

sia2