Македонија
24. October 2017 - 8:56

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет на фестивалот „Златна лира“

По повод 40 години постоење, Скопскиот дувачки квинтет вечер од 20 часот во Музеј на Град Скопје ќе настапи на Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“. На програмата се дела од Моцарт, Љадов, Прокопиев, Стојков, Бизе.

Скопскиот дувачки квинтет е еден од првите камерни состави во Македонија, кој во изминатите четири децении изведува дела од светската ризница и од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл.

Квинтетот остварил голем број настапи и многупати бил одликуван со награди. Гостувал на познати манифестации и фестивали во Македонија, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел, Полска, Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово.

Во сегашниот состав на дувачкиот квинтет се музичарите: Марија Јакимовска (флејта), Васил Атанасов (обоа), Ристе Ѓоревски (кларинет), Даниел Апостолов (фагот) и Александар Гошев (хорна), кои се членови на Камерниот оркестар „Скопски солисти“, Македонската филхармонија и Македонската опера.