Македонија
9. April 2017 - 9:12

Концерт на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар, кој работи при Младинскиот културен центар, денеска ќе одржи концерт во Градскиот парк во Скопје, на Школка.

Концертот ќе трае околу еден час, а ќе бидат изведени повеќе композиции како Здраво! (Hello – R. Cardon), Њујорк, Њујорк (New York, New York – J.Kander arr. E.Charleton), Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North)...

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични настани давајќи им свечана нота. 

На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон...