Македонија
23. October 2016 - 9:41

Концерт на Градскиот дувачки оркестар по повод 23 Октомври

Градскиот дувачки оркестар, по повод празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, денеска ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје со познатите таканаречени „Чекорници“.

Оркестарот ќе тргне од Музејот на Град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до градскиот плоштад.

На оваа музичка променада, ќе бидат изведени „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Патриотска чекорница“, „Дикси парада“, „Вашингтон пост марш“, „Трета македонска бригада“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „Работнички“ и „За сите деца“.

Концертот е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.