-->
-->
Концерт на Градскиот дувачки оркестар по повод 23 Октомври
-->
Градскиот дувачки оркестар, по повод празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, денеска ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје со познатите таканаречени „Чекорници“.
Оркестарот ќе тргне од Музејот на Град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до градскиот плоштад.
На оваа музичка променада, ќе бидат изведени „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Патриотска чекорница“, „Дикси парада“, „Вашингтон пост марш“, „Трета македонска бригада“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „Работнички“ и „За сите деца“.
Концертот е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право