Живот
20. September 2016 - 17:17

Кому ли ќе му се јавува кучево: Газдата му купи 8 најнови ајФони

Ванг Сиконг, син на најбогатиот Кинез, милјардерот Ван Јанлин на своето куче му купил осум мобилни телефони од последната генерација, ден откако новата линија е пуштена во продажба.

Компанијата Епл пред 5 дена го пушти во продажба новиот ајфон кон во Кина чини 1.050 американски долари. Сиконг го привлече вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија од своето милениче, аљаски малмут Коко со осум нови телефони.

Ванг минатата година ја разбесне кинеската јавност откако објави фотографија на која неговиот пес носи два најнови Епл часовници во вредност од 37.000 долари.

Ванг често го критикува јавноста поради расипничкиот живот и фотографиите на кои прикажува палење на пари, скапоцени уреди и луксузни автомобили.