Македонија
25. October 2016 - 16:23

Комплетно реновирана амбулантата во Општата болница во Куманово

Некогашното хируршко одделение во кумановската болница е пренаменето во амбуланта за мигранти.

Просторот комплетно е реновиран, а набавена е и нова опрема. 

Дел од објектот е адаптиран и за останати пациенти од овој регион на земјава.  Жените кои имаат потреба од дијагностички гинеколошки процедури нема повеќе да ги препраѓаат во Скопје.

- Просторот е адаптиран дел и за останатите пациенти, особено за гинеколошки здравствени услуги, каде за првпат во болницата ќе почне да се применува методата колпоскопија за која досега пациентите беа упатувани во Скопје, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.

Околу 100.000 евра е инвестицијата за отворање на оваа амбуланта и е со поддршка од Банката на Советот на Европа и Меѓународната организација за мигранти.

Инаку од почетокот на мигрантската криза над 470 лица биле третирани во болницата во Куманово каде биле породени и 4 жени.