Фудбал
23. May 2017 - 9:21

Комплетирано претпоследното коло во Серија А

Со натпреварот Пескара – Палермо кој заврши со победа на Пескара од 2-0, синоќа се комплетира е 37. претпоследно коло во италијанската Серија А. 
 
Последната рунда која ќе се игра претстојниот викенд (27-28 мај) треба да разреши две дилеми. Првата е дали Рома или Наполи ќе го освои второто место, а со тоа ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а втората е. Која екипа покрај Палермо и Пескара ќе ја напушти Серија А.
 
Екипата на Емполи има само еден бод повеќе од Кротоне кој е на 18.место на табелата. 
 
На претходно одиграните натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: 
 
Наполи – Фиорентина 4-1, 
Киево – Рома 3-5, 
Јувентус – Кратоне 3-0, 
Милан – Болоња 3-0, 
Удинезе – Сампдорија 1-1, 
Сасуоло – Каљари 6-2, 
Џенова – Торино 2-1,
Емполи – Аталанта 0-1 и 
Лацио – Интер 1-3.
 
Табела: Јувентус 88 бода, Рома 84, Наполи 83, Лацио 70, Аталанта 69, Милан 63,...... Емполи 32, Кротоне 31, Палермо 23 и Пескара 17