Кошарка
26. February 2017 - 9:59

Комплетирано претпоследно коло во Првата кошаркарска лига

 
 
 Во кошаркарскиот шампионат на Македонија се одиграа натпреварите од претпоследното 13.коло во Првата машка лига, по кое и официјално се познати шестте екипи кои ќе играа во Супер лигата. 
 
Фаворитите ја оправдаа улогата и забележаа победи на дуелите од оваа рунда. 
 
Победи на гостински терен остварија, Работнички против Пелистер со 95-60 и Кожув против АВ Охрид со 86-80, додека пред своите симпатизери се радуваа Куманово во дуелот со Вардар 86-69 и Фени Индустри кој убедливо ја победи Струмица со 97-69. 
 
На коло до крајот на прлолигашкиот дел, првопласираните четири екипи на табелата Работнички (24 бодови), Фени Индустри (23),  Куманово (21) и Кожув (20), го осигураа своето место во супер лигата во која ќе им се приклучат МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, додека Струмица (17), Пелистер (17), АВ Охрид (16) и  Вардар (13), ќе играат во плејаут лигата. 
 
Последното коло во прволигашката конкуренција ќе се игра на 4 март.