Ракомет
10. December 2016 - 20:43

Комплетирано 14.коло од ракометната Супер лига

Ракометните суперлигаши со денешните три натпревари го комплетираа 14.коло последно во оваа календарска година. Работник Еурофарм го победи Пролет со 30:25, додека на другите два дуела победија домашните екипи. Металург 2 – Борец 29:31 и Прилеп – Радовиш 24:28.

Следното коло се игра во февруари 2017 година.

Претходно беа одиграни натпреварите: Пелистер – Работнички 36:21 и Вардар Јуниор – Охрид 27:31.

Табела: Пелистер 34 бодови, Охрид 31, Работник Е. 28, Борец 23, Прилеп 20, Пролет 19, Радовиш 19, Металург 2 18, Вардар Јуниор 11, Работнички 0.