Ракомет
21. January 2017 - 9:00

Комплетирани осминафиналните двојки на СП

 
 
Со одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групите Ц и Д, комплетирани се сите осум пара за осминафиналето на Светското ракометно првенство во Франција. 
 
 
Нокаут рундата, односно осминафиналето, ќе го отворат Македонија и Норвешка со средбата која ќе се игра во Албервил, попладнево од 16 часот.
 
Денеска на Мундијалот се уште три средби: Франција - Исланд (сабота 18 часот), Словенија - Русија и Шпанија - Бразил (20:45 часот).
 
Двојките за во недела се: Белорусија – Шведска (16 часот), Унгарија - Данска (16 часот), Германија – Катар (18 часот) и Хрватска – Египет (20:45 часот).