Тенис
27. January 2016 - 17:40

Комплетирани двојките за 1/2 финалето на Австралија Опен

Комплетирани двојките за полуфиналето на првиот Гренд слем тениски ртурнир годинава Австралија Опен
 
Енди Мареј и Милош Раониќ ќе ја сочинуваат втората полуфинална двојка на Австралија опен во машка конкуренција.
 
Ова е епилогот по четвртфиналните мечеви одиграни ноќеска во кој Британецот, Мареј во четири сета (6:3, 6:7, 6:2, 6:3) го победи Шпанецот, Давид Ферер, додека Канаѓанецот Раониќ исто така во четири сета (6:3, 3:6, 6:3, 6:4) славеше победа над Гаел Монфис од Франција. 
 
Полуфинален меч меѓу Раониќ и Мари е в петок, од 9:30 часот по средноевропско време, а ден претходно, во истиот термин, во првото полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
 
 
Во женска конкуренција. 
Британката Јохана Конта и Германката Анџелике Кербер ќе играат во полуфиналето. 
 
Тие ноќеска во мечевите од четвртфиналето во два сета ги победија Шуаи Женг од Кина  и Викторија Азаренка од Белорусија 
 
Во првото полуфинале на турнирот во Мелбурн кај дамите ќе игаат
 Серена Вилијамс и Агнешка Радванска.