-->
-->
Комплетирани четвртфинаните двојки на Еуробаскет
-->
На 39-тото ЕП во кошарка, денеска е слободен ден, а веќе утре продолжуваат возбудувањата со првите два натпревари од четвртфиналето.
Откако вчера беа одиграни четири осминафинални дуели, комплетирани се четвртфиналните двојки на 39-от Еуробаскет.
Најголемото изненадување во осминафналната рунда го приреди Чешка, која убедливо со 31 поен разлика ја победи Хрватска, па во четвртиналето Чесите за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Србија која меѓу осумте најдобри се пласира со победата над Финска.
Италија ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Израел, па Аѕурите за место во полуфиналето ќе се борат со Литванија која предводена на Мачиулис и неговите 35 поени во последниот воедно и најнеизвесен меч од осминафиналето ја победи Грузија со 85-81.
Четвртфиналната рунда започнува утре со два натпревари.
Најнапред во 18.30 часот ќе се сретнат Шпанија и Грција во најнтересниот меч од оваа рунда.
Од 21 часот, домаќинот и актуелен европски шампион Франција ќе ја има улогата на фаворит во дуелот со Летонија.
Победниците од овие четвртфинални натпревари ќе играат меѓусебно во првото полуфинале закажано за во четврток.
Во среда пак, во истите термини од 18.30 односно од 21 часот ќе се играат преостанатите два четвртфинални натпревари и тоа Србија – Чешка и Италија – Литванија.
Сите натпревари ќе имате можност да ги следите низ директни преноси на СИТЕЛ 3 телевизија.
Еуробаскет 2015
1/4 финале
вторник, 15.септември:
Грција-Шпанија (18.30 ч)
Франција- Летонија (21 ч)
среда, 16.септември:
Србија-Чешка (18.30 ч)
Италија-Литванија (21 ч).
четврток, 17 септември (1/2 финале 1)
Грција / Шпанија - Франција / Летонија (21 ч)
четврток, 17 септември (1/2 финале 1)
Србија / Чешка - Италија / Литванија (21 ч).
недела, 20 септември (натпревар за 3-место и Финале)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино