-->
-->
Комплетирана првата рунда во Евролигата
-->
Со трите натпревари кои кои беа одиграни синоќа, комплетирано е првото коло од новата сезона во кошаркарската Ереволига.
Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ одигра одличен натпревар во Каунас, но неговата Црвена звезда загуби од Жалгирис со 78-76. Антиќ средбата ја заврши со 17 поени и три скока.
На средбата одиграна во „Блауграна“ шпанската Барселона славеше убедлива победа со 98-71 во дуелот со грчкиот Панатинаикос.
Најзаслужен за високота победа на Барселона, беше новото засилување, Кевин Серафин кој средбата ја заврши со 24 поени.
Во последниот дуел Химки го совлада шпанскиот шампион Валенсија со 75-70.
На натпреварите одиграни ден порано, беа постигнати овие резултати: Анадолу Ефес - Реал Мадрид 74-88, ЦСКА Москва – Милано 93-84, Бамберг - Макаби Тел Авив 71-88, Олимпијакос – Басконија 75-64 и Уникаха – Фенербахче 68-67.
Втората рунда ќе се игра на 19 и 20 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица