Бизнис
30. July 2015 - 19:52

Комора на градежници: Цената на становите не може да биде пониска од сегашната

Профитот на градежните компании кои градат станови е од 10 до 15 проценти,а не до 45%, вели градежната комора при ССК коментирајќи ја анализата која неделава ја објави консултанската компанија Фортон.

Во пресметката не се земени трошоците за градба на заедничките површини, како и други трошоци со кои, во Скопје, просечната производна цена на квадратен метар е 900 евра.

- Купувачите на станови во Скопје плаќаат нето, а добиваат бруто површина, што значи заеднички површини, како влезови, скали, ѕидови, ходници, лифтови кои се 30 проценти од површината на станбениот објект. Тие не се вклучени во продажната цена на становите, а станарите ги добиваат во сопственост во идеален дел со купување нето површина, рече Ивица Јакимовски од групацијата за високоградба.

- Зоран Дабевски, управител на Дабар

И од Фортон потенцираат дека претставените бројки се однесуваат на бруто површини, а профитната маргина е помала кога ќе се додадат овие ставки.

- Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон Македонија

Градежните компании потврдуваат дека има значителен раст на продажбата на станови. Во првата половина од годината продадени се за 30% повеќе станови од втората половина на 2014.

Раздвижувањето се должи на падот на банкарските камати, како и на повеќегодишниот пад на цените на становите. Очекувањата се дека цените ќе се задржат на актуелното ниво во следниот период.