Македонија
18. October 2015 - 16:59

Комитска средба во Прилеп во пресрет на 23 октомври

“Незвисно од континуираните обиди на опозицијата, Македонија историски и развојно да ја врати 20 години назад, ВМРО-ДПМНЕ останува непоколеблива сила на македонскиот народ, и во добро, и во лошо.Така беше и во минатото, а така ке биде и после априлските избори” – рече, меѓу другото, денеска во Прилеп, вице-премиерот Зоран Ставрески на традиционалната Комитска средба.
 
Инаку, Комитската средба во Прилеп се одржува секоја година во чест и пресрет на Денот на ВМРО, 23-ти Октомври. Годинава, таа беше организирана во Манастирот “Св. Димитрија” во с. Селце.