Спорт плус
20. October 2017 - 13:46

Комити: Кои сте вие да ни подметнувате партиски белег - Вардар е нашата партија, Македонија нашата татковина!

Навивачката група Комити остро реагира на текст објавен во медиумите во кој на групата и се дава политички контекст. Од Комити уште еднаш го повторуваат својот став дека за политиката нема место на западната трибина,

„Огорчени од денешната објава на “Фокус” со наслов “Ја почнаа ли комитите кампањата за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ од своите трибини?” повикани сме веднаш и остро истата да ја демантираме во целост. 
Дали авторот и нарачателот на оваа небулозна и крајно несериозна објава знае како и колку време Комитите и сите останати навивачки групи со реноме во Европа и светот ги спремаат кореографиите? Еве ќе откриеме, макотрпно, 7 дена конкретно, и тоа би било одговорот на сите дилеми, значи 7 дена, Дали тоа ви значи нешто?
Дали авторот и нарачателите живеат со мислењето дека Комитите не чуле за ‘Пиреј’ од Петар М Андеевски? 
Кои сте вие да го оцрнувате трудот на младите Комити кои доброволно без никаков надомест од срце, во името на промоцијата на ФК Вардар и Република Македонија во Европа спремаат спектакл, од кој корист и бенефит има Македонската држава? 
Кореографијата и навивањето ги виде цела Европа, а вашиот небулозен текст за локална краткорочна употреба ќе биде заборавен откако ќе ја отслужи целта заради која е напишан.
Кои сте вие на Црвено-Црната Армија да и подметнувате партиски белег? Што се замислувате? 
Ја замајувате јавноста со лаги и инсинуации, со сила во спортот вметнувате политички елементи каде не и им е место, и се прашуваме дали вие верувате во тоа што го пишувате?
Судејќи според тоа колку тука има било што“независно и објективно”, се прашуваме дали овој брутално понижувачки текст објавен од страна на овој “независен” медиум ја наговестува политиката која во наредниот период ќе се води кон навивачката група Комити Запад.

Вардар е нашата партија, Македонија нашата татковина!!!“ - стои во демантот на Комити објавен на социјалните мрежи.

Дел од медиуми се обидоа паролата која Комити ја извадија на последниот меч со Реал Сосиедад да ја поврзат со актуелни политчки случувања. Имено, според медиумите, постои поврзаност меѓу тоа што и Комити но и Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ цитирале делови од романот Пиреј, на Петре М. Андреевски, а тоа според истите медиуми можело да се толкува како „старт на кампањата за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ“ и тоа од трибините.

Ова не е прв пат Комити да бидат ставани во политички контекст и на навивачката група да и се даваат политички обележја. Сепак, во сите ситуации, Комити имаат непроменет став дека за политиката нема место во навивачката група.