Бизнис
21. September 2016 - 20:06

Комисиската расправа за предлог Буџетот почнува наредната среда

Владата за 2017-та предлага буџет кој предвидува најголеми вложувања досега. Министерот Миноски наведе дека капиталните инвестиции се 438 милиони евра, што е за 20% повеќе од  проектираните за оваа година. Се планираат низа проекти во инфраструктурата, здравството, образованието, земјоделството и останатите ресори.

За дополнителниот заменик министер Наумов, овој предлог буџет е базиран на нереалистични очекувања од економијата, нивото на капитални инвестиции неостварливо. Наумов смета дека се работи за уште еден буџет наменет за предизборни цели кој тој и не гледа како технички би можел да се донесе доколку собранието се распушти на 12-ти октомври.

Предлог буџетот е проектиран на 3,3 милијарди евра, со 3% дефицит и очекувања за 3 процентен раст на брутодомашниот производи. Се очекува раст на извозот од 6%, а на увозот од 4,7%. РАстот на брутоинвестициите е проектиран на 4,5%, со прогнози за намалување на невработеноста и пораст на платите и на јавната потрошувачка.