Македонија
27. November 2015 - 8:25

Комисијата за именувања треба да утврди листа на кандидати за ДИК

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да утврди листа на пријавени кандидати по Одлуката за објавување на јавниот оглас за избор на претседател и членови на Државната изборна комисија.

Според информациите од Собранието, на огласот, којшто заврши во понеделникот се пријавиле педесетина кандидати. 

На дневен ред на оваа Комисија е и утврдување на предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. 

Седница денеска ќе одржи и Комисијата за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуки за испраќање припадници на АРМ во мировните операции „Одлучна поддршка“ во Авганистан и „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.