Македонија
30. November 2017 - 16:16

Комисијата одобри одземање на имунитетот на пратениците осомничени за крвавиот четврток

Шестмината пратеници од колицијата на ВМРО- ДПМНЕ осомничени за насилствата во Собранието од 27 април да останат без имунитет со цел да им се одобри мерката притвор.

Вака одлучи Комисијата за деловничко мандатни и имунитетни прашања. Собранието ќе треба да го разгледа  заклучок на комсијата и да ја донесе конечната одлука најдоцна до сабота.

Крсто Муковски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Аранудов и Љупчо Димовски се товарат за трористичко дејствување против уставниот поредок и безбедноста за што е предвидена казна од најмалку 10 години затвор.

Заклучокот да се се одбори притворот на шестмината пратеници беше донесен едногласно од петмината присутните членови. На седницата пристсуствувааше речиси целата пратеничка група на Коалицијата на СДСМ и по некој пратеник на ДУИ и Беса, но без ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата одлуката ја донесе по само 10 минути расправа.

Говореше само пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски како еден од десетмината пратеници чија безбедност била загрозена во прес-центарот на 27 април. Кирацовски им прости на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но гласаше да им се одеземе имунитетот во името на правото и правдата.

-Им простив на нашите колеги пратеници, на сите оние што учествуваа на овој настан затоа што човечки е да се прости, затоа што ни самите тие не биле свесни во каква игра биле ставени и што се можеше да се случи, но видов дека и тие никогаш нема да простат на оној кој што им дал наредба да се впуштат во нешто од коешто ќе се срамат и ќе се каат целиот свој живот....Кои сме ние денес да попречуваме одредена судска постапка...Враќањето на правната држава, на правдата во Република Македонија е нешто за кое што сите со години се боревме, а Собранието треба и мора да биде првиот пример каде што таа практика ќе владее. Никој не е над законот па ниту ние пратениците, изјави Кирацовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа единствнео преку соопштение (Од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква реакција за ваквиот исход во Комисијата.)

Доколку Собранието одлучи да им го одземе имунитетот на пратениците, Судот ќе може да одлучува по барањето на јанвотот обивнителство да им се изрече мерка притвор. Ако пак, таква мерка им биде изречена тогаш тие ќе бидат лишени од слобода, но и понатаму ќе останат народни избраници. Имено, пратеничкиот мандат можат да го изгубат единствено ако бидат правосилно осудени на затворска казна од најмалку пет години.