Македонија
27. September 2016 - 16:11

Комисија за слободен пристап до информации за СЈО: Трошењето јавни пари не може да биде тајна

Јанева не смее да крие како ги троши парите на граѓаните. Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер одлучи. Јанева мора да му одговори на Сител како го распределува буџетот и кои се луѓето кои се плаќаат од сметката на СЈО.

Овие одговори Сител ги побара од Јанева уште пред неколку месеци, но таа, одби да ги достави оправдувајќи се дека станува збор за доверливи информации. Следеше жалба до надлежната комисија, која сега и наложи на Јанева да ни ги достави информациите бидејќи во спротивно, ја чека соодветна парична казна.

Во последниот извештај Јанева напиша дека за 6 месеци потрошила околу 1,2 милиони евра. Од нив, Јанева прецизираше дека 140 илјади евра потрошила за да го преуреди новиот објект а околу 60 илјади евра платила за кирии во старата зграда. Што се случи со близу 1 милион евра, Јанева повеќе од 10 дена, одбива да одговори. Одговорите не сакаше да им ги достави ниту на пратениците

Сител веќе објави дека со парите од СЈО се финансираат професори, адвокати и членови на шарената револуција чија цел е да организираат протести и да влијаат на јавното мислење во корист на Јанева. Експертите на СЈО може да се видат како фрлаат боја врз државните институции, стојат во првите редови на протестите или пак ја бранат Јанева во телевизиски настапи.

Уште колку вакви експерти има ангажирано Катица Јанева и колку од нив може да се видат во редовите на опозицијата, СЈО не открива. Остануваат без одговор и прашањата, дали финансискиот извештај се крие за да се скријат евентуални финансиски злоупотреби или пак Јанева и СЈО едноставно не сакаат да откријат кој се им помага во трошењето на парите.

Колку од овие претпоставки се точни одговорот го знае само Специјалното јавно обвинителство. Доколку се води според законот и начелото на транспарентност, Јанева и нејзиниот тим, според експертите треба во најскоро време да излезат со детални податоци за трошењето на народните пари, многу пред тоа да го сторат УЈП и Државниот завод за ревизија.