Македонија
20. January 2018 - 20:38

Комисија од МЗ ќе ги истражува причините за смртта на родилка од Кичево

Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка во приватната болница Санте Плус во Скопје. Настанот се случил пред два дена, односно во четвртокот. Починатата била од Кичево и во болницата дошла да се породи со своето прво дете. Смртта настапила кога почнала процедурата за царски рез, односно причина биле компликации при дишењето. Состојбата на машкото дете е критична и тоа се наоѓа на Клиниката за детски болести.